Демократската унија за интеграција вечерва во Чаир одржува голем митинг на кој треба да се обрати лидерот на партијата, Али Ахмети.
Артан Груби на Фејсбук сподели фотографија од преполната сала и порача дека Чаир е на ДУИ и на Али Ахмети.
Груби за медиумите изјави дека и “огнениот” Изет Меџити бил поканет на митингот, иако не треба некој да се кани да дојде во сопствениот дом. Сепак Меџити уште денека напладне најави дека нема да присуствува на митингот, а отсуство најави и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу кој истакна дека општината одобрила користење на општинската сал аи паркингот согласно потребите на ДУИ за денешниот настан, но сепак ќе избегне присуство на истиот.