Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобрува имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.
Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот.
- Дали унгарските пари ќе удираат темели и на трговски центри?
- Мицкоски: Ако Груби бил чист како солза, немало да бега
- ТЛОТО НЕ МИРУВА: Силен земјотрес во Грција
- Зеленски го предупредува светот! Нема запирање, руските воени објекти ќе бидат уништени!
- Хју Хефнер ја држел сопругата во заробеништво! Шок детали од вилата на Плејбојот – Кристал откри низ кој пекол минувала
- Прекрасните гради и секси задникот оставаат без здив! Жешкото издание на Ким Кардашијан
- (Фото) Официјално: Масар Омерагиќ e нов претседател на ФФМ
- Како да знаете дали сте добар родител? Поставете им само едно прашање на вашите деца
- Неделна колумна на Оливер Андонов
Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.
Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.