Данела Арсовска спротивно на законoт поставилa Генерален секретар на Град Скопје

Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски, актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат од СДСМ.

Ѓоко Велковски редовно донирал во кампањите. Во кампањата на Данела донирал дури 108.000 денари. Дали ви е тоа чудно? Или ви делуваат ваквите бројки нормално?

„Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница“, реагираат од партијата.

Според СДСМ, Арсовска одново докажува дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.

„Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, се наведува во реакцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.