Данска нема да подржи преговори на Македонија со ЕУ. Кој кого лаже може да дознаеме веќе еднаш?

Како што се сомневаме од поодамна се работи цело време за фарса и за креирање на лажен оптимизам и надеж. На јунскиот самит Данска нема да поддржи почеток на преговори за Македонија и Албанија. Данска не е подготвена на јунскиот самит на Европска унија да го поддржи предлогот на Европска комисија за почеток на преговори за членство на Македонија и на Албанија.„Не, јас не сметам дека ќе ја поддржам таа иницијатива. Ние треба да бидеме чесни по тоа прашање“, изјави данскиот премиер Ларс Расмусен по средбата на врвот на ЕУ во Софија. Според него, ЕУ не треба да ги повторува претходните грешки, меѓу кои ја издвојува одлуката за иницирање преговори за влез на турција во Унијата. Со ваквиот став Данска, практично, им се придружи на Франција и на Холандија, кои исто така изразуваат сериозни резерви. Во моментов официјални кандидати за членство во ЕУ се Албанија, Македонија, Србија, Црна Гора и Турција, од кои последните три ги имаат почнато преговорите – Црна Гора во 2012 година, Србија две години подоцна, а Турција уште во 2005 година, но во 2016 беа прекинати. После се навистина е нејасно зошто се доведуваат во заблуда нашите граѓани. Или е тоа агенда на зашеметување за да помине се што ќе биде сервирано… Останува времето да потврди. А вие народе отворете очи. Се одигрува завршно сценарио пред вашите очи со далекусежни последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.