ДЕЈВИД БЕКАМ СЕ ПОЖАЛИ ОД СОПРУГАТА Сега целиот свет знае што се случува меѓу нивните четири ѕида

За жал, во брак сум во со некој кој последниве 25 години јаде исто
Дејвид Бекам ја издаде својата сопруга Викторија на Инстаграм, жалејќи се на нејзините навики за исхрана кои сè повеќе почнуваат да го нервираат. Тој откри дека Викторија јаде ист оброк секој ден во текот на 25 години.
Имено, како што наведува, Викторија секогаш јаде само риба на скара и зеленчук на пареа. Единствениот пат кога пробала нешто друго била „една од неговите омилени вечери“. Претходно, Викторија беше жртва на изневерувањето на Дејвид, кога нивниот брак беше на работ на провалија, бидејќи се шпекулираше дека 46-годишниот Дејвид спиел зад грбот на сопругата со неговата асистентка и уште две непознати жени.
Зборувајќи за навиките во исхраната на неговата сопруга во подкастот, Дејвид објасни:
„Јас станувам прилично емотивен во врска со храната и виното, кога јадам нешто одлично, сакам сите да го пробаат. За жал, оженет сум со некој кој јаде сѐ истото во последните 25 години. Откако ја запознав, таа јаде само риба на скара, варен зеленчук на пареа, многу ретко ќе отстапи од тоа“.
Тој продолжи: „Веројатно единствениот пат кога проба нешто што беше во мојата чинија беше всушност кога беше бремена со Харпер и тоа беше најневеројатната работа. Тоа беше една од моите омилени вечери. И јас не можам да се сетам што беше тоа, но знам дека оттогаш не го јадела“.
Викторија претходно откри дека не јаде храна зготвена на масло, путер или сосови и дека не јаде црвено месо или млечни производи. Таа призна дека утешната храна ѝ е парче тост од цело зрно со сол, а роденденот го прославува со овошна торта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.