Директорот на Шутка најави тужба за Пандов: Поради него вчера побегнаа од затвор четири лица

Филип Андов, директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, најави дека ќе поднесе тужба за директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов поради нарушување на неговиот угледд и институцијата со која раководи.

Тој ги негира обвинувањата кои Пандов денес попладнево ги соопшти на прес-конференција, епилогот според него од нестручното работење на директорот на Управата за извршување на санкции резултирал со бегство на четири лица во текот на ноќта.

„По денешната прес-конференција на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, најавувам дека ќе поднесам тужба за нарушување на мојот углед, но и на институцијата со која раководам. Сите обвинувања целосно ги отфрлам како неточни. Ги повикувам институциите да постапат согласно закон, да ги утврдат сите факти и околности, а по извршениот вонреден надзор во петокот, каде што од страна на директорот Пандов се споменува дека не биле присутни 11 лица, а пријавено е само едно, додека другите биле контактирани по телефон да се вратат. Епилогот од таквото нестручно и неправилно однесување на директорот Пандов резултираше со бегство кое се случи во текот на ноќта од страна на четири лица“, вели Андов.

Пронајдете не на следниве мрежи: