Британската актерка Даниела Вестбрук не престанува да го привлекува вниманието со своите чудни постапки на плажа.
Имено, таа веќе со денови престојува на португалските плажи и закрепнува од бројните естетски корекции, па овојпат имаме можност да видиме нејзини интересни фотографии на кои се забележува дека актерката е навистина во чудно издание.
Нејзините неартикулирани движења и изобличено лице ја загрижиле јавноста, а во неколку наврати таа го соблекла костимот за капење и шетала гола по плажата. Освен тоа, таа имала низа чудни потези кои на никого не му се јасни. Многумина коментираат дека актерката очајнички се обидува да привлече внимание.
Се чини дека Даниела со естетските операции се обидува да ги скрие трагите кои останале од консумирањето дрога. Имено, првпат таа пробала дрога кога имала само 14 години, а откако на 16 години ја добила улогата во популарната серија „East Enders“ таа редовно ги посетувала клубовите и била во алкохолизирана состојба.
Исто така таа консумирала и кокаин.
„Консумирав дрога и додека бев бремена. Се породив на подот од тоалетот, а кога почнаа контракциите, консумирав кокаин. Бев во ужасна состојба, никој не можеше да ми помогне“, раскажала во една прилика таа.
Даниела има 49 години додека многумина коментираат дека изгледа многу постаро, па очигледно дека нездравиот начин на живот оставил длабока трага на нејзиниот физички изглед.