Докторите препорачуваат – овој витамин е најефикасен во борбата против коронавирусот и не му дозволува да „дивее“

Намирниците кои што се богати со овој витамин, воглавно рибата и полномасните млечни производи, помагаат во борбата со коронавирусот.
Веќе 10 месеци се бориме со коронавирусот, а од неодамна ни се закануваат и вирусите и настинките кои што се типични за ова доба од годината.
Сега, повеќе од кога и да е, важно е имунитетот да го подигнеме на највисоко ниво, а клучот за одбрана од вируси се и хранливите материи кои што треба да ги внесуваме во нашиот организам.
Витаминот кој што има најважна улога во спречување на потешки клинички слики кај заболените од Ковид-19 е витаминот Д, за кој што неодамна зборувал и д-р Борислав Каменов.
„Во Индонезија била направена студија каде што испитани биле 100 пациенти кои што имаат нормална вредност на витаминот Д и 100 пациенти кои што имаат дефицит. Кај првите се развила многу блага слика на инфекцијата коронавирус, а кај вторите потежок облик. Па, тоа покажува колку всушност витаминот Д е важен“, истакнал докторот.
Намирниците кои што се богати со овој витамин, воглавно се рибата, но и полномасните млечни производи.
„За да имаме доволно витамин Д во нашиот организам, потребно е да бидеме изложени на сонце 10 до 30 минути, неколку пати неделно. Но, поголемиот дел од луѓето не успеваат да го направат тоа. Затоа потребна е суплементација на витаминот Д, плус К2. Дозата витамини треба да биде помеѓу 5.000 – 10.000 интернационални единици“, се наведува во соопштението од докторите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.