Докторката ми го уништи животот!

Гркот Константинос Митроглу, кој го носеше дресот на неколку тимови во Евролигата, падна на допинг-тест пред речиси една година, а сега во грчките медиуми беше објавено дека е суспендиран на две ипол години.

Митроглу не го поминал допинг-тестот по натпреварот против Панатинаикос, откако во неговото тело биле пронајдени траги од супстанција која се наоѓа на листата со забранети средства за користење.

„Докторката ме увери дека таблетите од Русија ќе ми помогнат. Ми даде чист серум и ми кажа дека тоа ќе ми помогне да го исчистам телото. Покрај лекувањето на повредата и зголемувањето на атлетските способности, третманот требаше да ми го зголеми либидото. Таа ми го уништи животот“, кажа Гркот.

Пронајдете не на следниве мрежи: