ЗА ТУЛУМБИ
500 мл вода
500 г брашно
100 мл масло
7 јајца
ЗА ШЕРБЕТ
800 мл вода
1 кг шеќер
сок од 1/2 лимон
Од водата и шеќерот 15-тина минути варете го шербетот. Додадете го лимоновиот сок и оставете да се излади.
Во тенџере на оган ставете ги водата и маслото. Откако содржината ќе зоврие додадете го брашното и непрекинато мешајте додека се соедини смесата. Оставете да се излади. Едно по едно додадете ги јајцата и непрекинато матете со миксер. Ставете ја смесата во шприц за тулумби. Истиснувајте од калапот, сечете со ножици и пржете ги тулумбите во загреано масло додека заруменат.
По неколку испржени тулумби ставајте во тенџерето со изладениот шербет. По 2-3 минути вадете ги од шербетот и ствајте ги во тава. Ако ви преостане шербет прелијте ги тулумбите, и оставете да го впијат и да се изладат.