Синдикатот што претставува илјадници работници во Самсунг Електроникс денес повика на прв штрајк во историјата на јужнокорејскиот технолошки гигант, основан пред 55 години.Организацијата, која брои околу 28.000 членови, што е повеќе од една петтина од работната сила на компанијата, најави дека на 7 јуни ќе одржи еднодневен протест за повисоки плати и подобри услови за работа, јавува Би-би-си.
Не можеме повеќе да толерираме прогон на синдикатот. Прогласуваме штрајк поради негрижата за работниците од страна на компанијата – рече претставникот на синдикатот на прес-конференцијата.
Раководството на Самсунг Електроникс од почетокот на оваа година преговара со синдикатот за платите, но двете страни досега не успеаја да постигнат договор.Синдикатот бараше зголемување на платите за 6,5 отсто и бонус поврзан со заработката на компанијата.Samsung Electronics е најголемиот светски производител на мемориски чипови, паметни телефони и телевизори.Аналитичарите предупредија дека голем штрајк може да влијае на производството на компјутерски чипови на компанијата, како и на глобалните синџири за снабдување со електроника.