Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно, го отфрлил предлогот на директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс, Каиро да го преземе привременото безбедносно управување во Појасот Газа по војната, додека Палестинската управа не биде подготвена да ја преземе власта, пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на американски медиуми.
- Хрватска го одложи задолжителното одење во војска
- Хакери ја нападнале француската информативна агенција „Франс прес“
- (Видео) Xаоc во Германија: Bооpyжен Cиpиец влетал со комбе во продавници во Есен, 31 лице е повpедено
- Гутереш повикува на прекин на циклусот на насилство по ескалацијата во Бејрут
- Бугарија организира враќање на нивните државјани од Либан
Сиси му соопшти на Барнс дека Египет нема да игра улога во елиминацијата на Хамас, кој ја држи власта во Појасот Газа, бидејќи палестинските милитанти допринеле границата на Египет со енклавата да се одржи релативно мирна во последниве години, изјавија високи египетски официјални лица за Волстрит џурнал под услов на анонимност.
Египетскиот претседател и директорот на Централната разузнавачка агенција се сретнаа во вторник во Каиро за да разговараат за воената операција на Израел во Појасот Газа, соопшти египетското претседателство.
За време на средбата, Сиси го повтори повикот за итен прекин на огнот за заштита на цивилите и за „непречен проток на хуманитарна помош“, изјави портпаролот на египетскиот претседател.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.