Пишува Аријан Раиф:
Ова никако не можам и не смеам да го премолчам, должам реакција, пред се за себе, за мојата филозофија на живот, мојот став и најважно осеќам одговорност поради сопствениот спокој.
Денешните настани ги разбирам на следен начин:
*Пример*
-Ден: 08.Септември, денот на независноста на Република Македонија.
-Го земам Македонското знаме, го закачувам на кров и возам за Албанија, Тирана. Го земам Албанското знаме и го кинам и палам во Тирана?????!
whaaaaat? 🥺😭😢😤😤😤🫣
(Претпоставувате што ќе ми се случи)
Овој е мој начин како јас гледам на работите, затоа сум упропастен.
Така да, по повод од денешните страшни сцени.
Јас не сум никој и ништо, не можам ништо да превземам, но тоа што можам и смеам да го превземам за својот живот и во својот двор е следно:
Сите Албанци, другари и пријатели, што на ваков или таков начин го поддржувате ова што се случуваше денеска, нема да сме повеќе пријатели, не ми требаат такви другари. Ви гледам ваши постови/story објави, така што соодветно ќе реагирам, ова е моја одлука и сакам да ја почитувате.
Не сакам да имам никаква интеракција, ниту пак да ве поздравувам ако некогаш се сретнеме.
До утринските часови се додека го средувам профилот, молам и Вие да ми помогнете, со тоа што самите ќе ме избришете од листата на пријатели.
Благодарам на разбирањето. Мојот став е тоа. Кога ќе го видам Македонското знаме на денот на независноста на нашата Република и ќе покажете почит кон земјата од која јадите, ве образувала, ви помогнала да имате живот тука, да напредувате, да градите, итн, едноставно Ви дала се што имате, тогаш ќе бидеме повторно пријатели “на фејзбук”.
Добра ноќ.