Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека е можно да започне „копнена операција“ во Сирија.
Тој го изјави ова еден ден по серијата воздушни напади врз курдските позиции во Сирија и Ирак и неколку ракетни напади на турска територија од територијата на Сирија.
„Нема сомнеж дека оваа операција ќе биде исклучиво ограничена на воздух“, им рече Ердоган на турските новинари кои го придружуваа при враќањето од Катар, каде што учествуваше на отворањето на Светското првенство во фудбал.
Триесет лица загинаа во серијата турски воздушни напади вчера во Сирија, кои беа одмазда за терористичкиот напад со шест жртви на 13 ноември во Истанбул. Турција ги обвини курдските „терористи“ за нападот.
„Надлежните единици, нашето Министерство за одбрана и нашиот Генералштаб заедно ќе одлучат која сила ќе ја користат нашите копнени сили“, рече турскиот претседател и додаде дека консултациите се во тек.
„Веќе предупредивме дека оние што нè вознемируваат на наша територија ќе платат“, рече тој.
Синоќа и утрово ракетни напади од Сирија ја погодија турската граница и турската погранична област. Три лица загинаа, а околу петнаесет се ранети.
Вчера Турција изврши воздушни напади врз објектите на Курдистанската работничка партија (ПКК) и Единиците за заштита на народот (YPG) во Сирија. Ердоган рече дека во операцијата учествувале 70 авиони и беспилотни летала и дека тие навлегле 140 километри на ирачка територија на север и 20 километри во северна Сирија.
Ердоган рече дека за таа операција не разговарал со американскиот претседател Џозеф Бајден и со Русинот Владимир Путин.
САД ги поддржуваат курдските единици на ЈПГ во Сирија кои се борат против екстремистите на Исламската држава, а Русија ги поддржува провладините сириски милиции во истата област.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.