Во синоќешниот дебатен магазин “Click Plus“ на ТВ“21“Мухамед Зеќири жестоко дебатираше со пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими.
На прашањето на водителот дали ќе останат во коалиција со ДУИ Зеќири одговори:
– Вечерва поради обврски на Владата се одложи партискиот состанок. Се надевам утре или наредните денови ќе се одржи партиски состанок на кој би требало да разговараме и на оваа тема. Бројките ја прават Владата. Секако, доколку ги имаме бројките за формирање на Влада и без ДУИ и тоа е опција, зошто да не!, рече Зеќири.