Изложба „Промоција на хумани вредности“ во Црвен крст Крива Паланка







[

– Во општинската организација на Црвен крст Крива Паланка отворена е изложбата на цртежи од конкурсот на тема „Промоција на хумани вредности“. Активноста, уметничка галерија, ја реализираа младите волонтери од општинскиот Црвен крст, кои распишаа конкурс како дел од ПХВ програмата.

– На креативен настан ги изложивме прекрасните дела насликани од вештите раце на учениците од основните училишта во општина Крива Паланка. На настанот присуствуваа педесетина ученици од основните училишта кои учествуваа на конкурсот, под менторство на нивните наставници по ликовна уметност. Еден од испратените цртежи на конкурсот е избран за најдобар цртеж во категорија 8 и 9 одделение, со мешана – комбинирана техника. Други два цртежи во категорија 6 и 7 одделение освоија второ и трето место, информира секретарот на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, Дарко Пешовски.

Тој упати честитки до сите учесници во конкурсот за креативноста на тема хуманост.

На настанот беа доделени благодарници на најуспешните млади уметници и нивните наставници.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: