Иницијативен одбор: Мицкоски е лош глумец, во лош филм

Христијан Мицкоски е само лош глумец чија суета ја турка ВМРО-ДПМНЕ во пропаст.

Да беше искрен во предлогот за вонреден конгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет кој е со истечен мандат.

Сеуште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада.

Мицкоски загуби и немаше капацитет да формираше влада. Поразот на избори е највеќе заради тоа што нема капацитет да обединува. Ни граѓаните , ни партиските членови во него не гледаат лидер. Парите наменети за избрно рекламирање ги трошеше по сомнителни портали, а на вмровските листи вметнуваше ликови како Сафет Бишевац кои до вчера го навредуваа и омаловажуваа членството.

Мицкоски е изолиран. Нема поддршка ни од домашната, ни од меѓународната јавност. Мицкоски му одговара само на Зоран Заев бидејќи СДСМ никогаш нема да најде подобар спаринг партнер кој со сигурност ќе си го гази на избори.

Тајмингот и начинот на кој што го предлага новиот извршен комитет покажува само дека Мицкоски не го почитува конгресот и делегатите кои го избрале. Наместо да побара поддршка на вонреден конгрес и потоа со легитимитет да ја води партијата, доколку добие доберба, Мицкоски одлучува да се коцка со ВМРО-ДПМНЕ и да предлага нови структури кои во суштина не нудат ништо ново.

ВМРО-ДПМНЕ не е приватна сопственост на Мицкоски. Мора да се стави крај на континуираното разорување на партијата , а тоа е можно само преку во реден конгрес и демократски избор на ново раководство кое ќе има капацитет да ја врати ВМРО-ДПМНЕ на победнички пат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.