Како да станете светски познат за 15 минути?

Интернетот и тоа како го олеснува патот да станете познат, но нели е тоа потешко за луѓето кои се всушност вистински талентирани? Во оваа ера на реални шоуа, секој може да стане светски познат за 15 минути.
Несомнено е дека славната култура е драматично променета на почетокот на минатиот век, да не зборуваме за технологијата преку која се доживува. Но, во време кога секој може да испрати видео на Ју Тјуб, гледајќи ги ѕвездите како Кели Кларксон, Ким Кардашиан или Џастин Бибер и нивниот пат до славата, мора да се запрашаме: Дали интернетот го олеснува патот до славата или само им го отежнува на тие што се вистински талентирани?
Не толку одамна славните личности беа познати како „забавувачи“. Се водеа под тој назив со години, заради своите настапи пред луѓето со што ги релаксираа и ослободуваа од стрес.
Џери Луис е актер, комичар, пејач, производител, писател и режисер кој за прв пат се појавил на сцена кога имал пет години. Семи Дејвис Џуниор пејачка, танчерка, актерка ја започнала својата кариера на три годишна возраст. Џорџ Клуни поминал 16 години работејќи најразлични работи пред да стане доволно подготвен за шоу бизнисот, Бред Пит слично поминал години снимајќи реклами кои не се ни паметат, за да еден ден стане доволно професионален и да се приклучи на шоу бизниот.
 Денес, може да кажеме дека технологијата ги олеснила работите до патот на славата. Младите актери може да добиат светска слава за 15 минути со едно обично постирање на твитер или пост на фејсбук.
Но, дали е демократизацијата на славата добра работа? Се чини дека само одреден број на луѓе можат да бидат познати во исто време.
Но, ако ние сме презафатени со гледање на глупости, навистина талентираните „забавувачи“ ќе страдаат. На крајот на краиштата, фановите се тие што одлучуваат кои се победници, а кои губитници.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Интернетот и тоа како го олеснува патот да станете познат, но нели е тоа потешко за луѓето кои се всушност вис

Пронајдете не на следниве мрежи: