Ковачевски: Ставањето карта на голема Албанија во Сопот е задоцнето 145 години

Музејот на борците на ОВК, отворен во Сопот е на приватен имот, а картата на голема Албанија поставена внатре е задоцнета 145 години, рече во одговор на новинарско прашање премиерот Димитар Ковачевски.

„Ако добро пресметав утрово, ставање на таква карта е задоцнето 145 години. Ако по нешто може да се препознае какви биле односите на Балканот пред 145 години, тоа се таквите карти коишто ги има секоја држава на Балканот. Се работи за приватен имот. Ако се работи за општествен дозвола треба да даде општината. Општина Куманово нема информации за истото. Сметам дека она што го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи. По 2001 и по влегувањето во НАТО, во нашата држава имаме други мапи коишто се релевантни. Тоа е мапата на државите членки на НАТО и мапата којашто се надевам ќе ја имаме сите од Западен Балкан, е мапата на обединета Европа“, рече Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.