Перењето алишта може да биде мачна, а понекогаш и тешка работа. Меѓутоа, кога ќе ја ставиме облеката на нас, а таа мириса и е мека, знаеме дека нашиот труд се исплател.
А што ако вашите алишта не мирисаат како што треба, и покрај тоа што користите омекнувач?
Што правите погрешно? Откривме трик со помош на кој вашите алишта ќе мирисаат долго и интензивно.
Првото нешто што многу луѓе го прават погрешно е ставање премногу алишта во машината за перење. Големото количество алишта може да биде причина зошто не мирисаат на свежо и испрано. За да се исперат добро, треба да има доволно простор помеѓу парчињата.
Исто така, многу луѓе прават голема грешка кога го ставаат омекнувачот веднаш кога ќе го стават прашокот за перење. Многу е подобро да го додадете омекнувачот кон крајот на перењето, бидејќи тогаш помалку ќе се исплакнат и перењето ќе биде поинтензивно, а вашата облека ќе мириса до две недели ако не ја носите пред тоа.
Следно е да се почитува дозирањето на прашокот. Некои ставаат премногу прашок, па облеката тешко се испира, а има и такви кои штедат, па не ставаат доволно детергент.
Кога станува збор за дозирање на омекнувачот, исто така е важно да се следат упатствата на пакувањето. Ако ставите премалку омекнувач, мирисот нема да биде интензивен, а ако претерате, може да биде толку силен што да биде непријатен.
Перете ја облеката на пониски температури, бидејќи бојата ќе трае подолго. Тексасот воопшто не треба да се пере во машина, советуваат експертите.
Треба да се внимава и при сушењето алишта, бидејќи неправилното сушење не само што ќе влијае на мирисот на вашата облека, туку може и да ги оштети. Најдобро е алиштата да се исушат на воздух, но не на директна сончева светлина, туку во сенка.
На овој начин боите нема да избледат, а алиштата ќе бидат миризливи и меки.
Ако вашите свежо испрани алишта имаат непријатен мирис, можеби ќе треба да ја исчистите внатрешноста на машината. Нечистотија може да се акумулира во дозерите, како и во барабанот и гумата на вратата. Добро исчистете го и проверете дали машината ја загрева водата.
Алиштата испрани во ладна вода често може да изгледаат како да се сè уште валкани.