Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!

Едвај чекавме да дојде сезоната на костените за да можеме да уживаме во разните десерти што можат да се направат со помош на оваа омилена есенска храна. Денес ви споделуваме еденр ецепт за вкусна и кремаста торта!
Кремаста фантазија од костени: Рецепт за торта што воодушевува на прв залак!
Потребни состојки:
За бисквитот:
4 јајца
100 г путер
200 г брашно
100 г шеќер
2 лажици како
2 лажички прашок за пециво
За кремот:
300 г пире од костени
4 лажици рум
350 милилитри слатка павлака
6 пакетчиња желатин


Начин на подготовка:
Подгответе тава за торта, ставете малку путер и брашно.
Одделете ги жолчките од белките. Белките разбијте ги за да добиете шлаг, а потоа матете ги жолчките со шеќерот додека не добиете светла смеса. Потоа додајте го растопениот путер и матете. Во брашното ставете го какаото и прашокот за пециво и мешајте.
Потоа додајте ја смесата од жолчки и шлагот од белките во брашното. Промешајте за да се соединат, а потоа печете ја смесата на 180 целзиусови степени.
Бисквитот е подготвен за кремот кога долната страна на калапот е ладна на допир. Потоа започнете со подготовка на кремот. Потопете го желатинот во ладна вода во согласност со упатствата на пакувањето. Измешајте го пирето од костени и румот со миксер додека не добиете мазна смеса. Потоа разбијте ја слатката павлака во цврст шлаг.
Полека растопете го желатинот на многу тивок оган. Кога стопениот желатин се олади, додадете неколку лажици шлаг, комбинирајте ги и додајте ги костените. На крај, промешајте го остатокот од шлаг во костените. Истурете го кремот од костени над бисквитот во калапот/тавата и ставете го колачот во фрижидер преку ноќ за да дозволите кремот добро да се зацврсти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.