Кремљ: Русија гледа динамика во зголемената популарност на десничарските партии во Европа

– Русија гледа динамика во зголемената популарност на десничарските партии во Европа по минатонеделните избори за Европскиот парламент.„Гледаме динамика во зголемената популарност на десничарските партии. Тоа може да се види со голо око“, изјави за новинарите во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Песков рече дека мнозинството од составот на Европскиот парламент ќе биде проевропско и проукраинско, додавајќи дека останува да се анализира и неговиот иден состав.„И покрај фактот што проевропејците ги задржуваат своите водечки позиции, со текот на времето десничарските партии ќе им бидат зад петици. Затоа, внимателно го следиме овој процес“, рече Песков.Партиите на крајната десница постигнаа значителен напредок на парламентарните избори во Европската Унија (ЕУ), иако трите најголеми партии, центристичката, либералната и социјалистичката, ја задржаа контролата над 720-члениот Парламент.

Пронајдете не на следниве мрежи: