Лазања со мелено месо и спанаќ

Лазања со зеленчук и месо, ручек во кој ќе уживате.

Состојки:
– 1 пакување лазањи
– 750 мл доматен сос
– 250 гр мелено говедско месо
– 1 главица кромид

  • сол, бибер
    – 250 мл павлака
    – 250 гр сечкан спанаќ
    – 150 гр фета сирење
    – неколку лажички нане

Бешамел сос
– 3 лажици путер
– 3 лажици брашно
– 1/2 л млеко
– 200 гр пармезан или друго тврдо сирење

Подготовка:
Испржете го меленото говедско месо со кромид и зачинете по желба.
Кремот измешајте го со сечканиот спанаќ, фета сирењето и нането. Додадете сол и бибер по вкус.
Наредете еден слој домати, па листови лазања, па слој сирење и спанаќ, па слој месо, па повторно слој домати и така додека не се потроши смесата. Завршете со листови лазања.
Покријте и печете 25 до 30 минути на 200 Целзиусови степени додека сè внатре не омекне, потоа откријте го, покријте со бешамел сос и печете непокриено уште 15 минути додека не порумени, па извадете го од рерната.
Покријте и оставете го да се излади најмалку 30 минути пред да го послужите за полесно да се сече.
За бешамел сосот растопете го путерот на умерена температура. Додадете брашно и млеко и варете нежно додека се згусне со постојано мешање.
Кога ќе згусне додадете го ренданото тврдо сирење, па мешајте додека не се растопи, па тргнете го од шпорет. Почекајте малку да се излади, па прелијте ги лазањите.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.