Лепињи со две состојки готoви за 20 минути

Ако сакате здрава варијанта на лепињи, тогаш ова е совршен рецепт за вас. Тие се исто толку вкусни како обичните лепињи, а се многу полесни за подготвување.
Состојки:
1 помала глава карфиол
2 големи јајца
сол, бибер, зачин
Подготовка:
Измијте го карфиолот и иситнете го во блендер, а потоа гответе во врела вода околу 2 минути. Убаво исцедете и завиткајте во чиста крпа, а потоа повторно исцедете. Многу е важно карафилот добро да се исцеди и да нема вода за лепињите убаво да се испечат. Кога ќе завршите со цедењето, измешајте ги јајцата и зачините со карфиолот и убаво соединете ја смесата. На плех обложен со хартија за печење наредете мали лепињи и ставете да се печат во загреана рерна на 180 ° C околу 10 минути од секоја страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.