Листа на најздрави салати

Салатите се многу здрав оброк, но дали знаевте дека некои се сепак подобри за вашиот организам од другите благодарение на нутриентите кои ги содржат. Зависно од количината на здрави состојки како, на пример, влакна, протеини, калциум, железо, рибофлавин, витамини или цинк, одредени видови салати се сепак попожелни на секојдневното мени од другите.
Поточарка. Поточарката има неверојатни 106 отсто од дневно препорачаната доза на витамин К, 22 отсто витамин А и 24 отсто витамин Ц. Исто така, содржи калциум, железо и магнезиум.
Спанаќ. Спанаќот е вистинска ризница на здрави состојки како витамини К и А, но и манган и фолна киселина.


Цикорија. Листовите на цикорија се преполни со многу здрави состојки како тиамин, ниацин и цинк.
Салата путерка. Оваа вкусна салата содржи многу калиум и витамини А и К.
Римска салата. Оваа салата има солидна количина витамини К и А, како и фолати.
Кељ. Една порција ги задоволува сите ваши дневни потреби за витамини А, Ц и К. Освен тоа, има и три грама протеини за подигање на енергијата.
Рукола. Оваа салата содржи вредност од фитохемикалии кои можат да спречат развој на одредени видови на рак.
Зелена салата. Оваа салата не е баш на најдобар глас. Иако се наоѓа на последното, осмо место на оваа листа, сепак содржи влакна, калиум, цинк, калциум, фолати, како и витамини А и К. Освен тоа, има висока содржина на вода што е секогаш добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.