„Лондон да не регрутира малолетници“

Војската на Велика Британија годишно троши до 94 милиони фунти (110 милиони евра) за обука на малолетни регрути, соопштија во вторникот две организации за борба за човековите права.Тие ја повикаа владата во лондон да ја укине праксата за регрутирање на малолетни лица.Велика Британија е единствената членка на Европската унија и единствениот постојан член на Советот на безбедноста на ОН која дозволува одлука на регрути постари од 16 години.Организациите Child soldiers international и Forses watch соопштија дека цената на обуката на регрути на возраст од 16 години е двапати поголема од обуката на регрути кои имаат 18 години.Овие организации го повикаа британското министерство за одбрана да ја преиспита својата „застарена“ политика за регрутирање на малолетници.Министерството, меѓутоа, одговори дека не планира промени и дека не ги прифаќа податоците изнесени во денешниот извештај.
МакфаксВојската на Велика Британија годишно троши до 94 милиони фунти (110 милиони евра) за обука на малолетни регрути, соопш

Пронајдете не на следниве мрежи: