„Ми дадоа отказ кога дознаа дека имам рак“: Водителот кој ја губи битката со тешката болест во неверување од тоа што му го направиле во телевизијата!

Телевизискиот водител Џони Ирвин ги обвинил продуцентите на емисијата „A Place in the Sun“ дека му дале отказ откако им кажал дека боледува од рак во терминална фаза.
Ирвин за „The Sun“ рекол дека „Freeform Productions“ „го исплатил за остатокот од сезоната и не го обновил неговиот договор“ што било „навистина низок удар“. Претходно овој месец, водителот открил дека ракот на белите дробови му се проширил на мозокот.

Тој беше водител на емисијата „A Place in the Sun“ од 2004 година, а од 2010 година се појавува во емисијата „Escape to the Country“ на „BBC One“. Ракот му бил дијагностициран во 2020 година, а докторите му прогнозирале 6 месеци живот, но тој својата дијагноза ја објави дури неодамна.
„Можев да работам на емисијата „Escape to the Country“ и да патувам на неколку дена. Кога ми кажаа дека не можам, срцето ми беше скршено. Тоа што повеќе не работам на емисијата влијаеше на моето ментално здравје. Сега сум семеен човек, но сакам да бидам водител, да патувам и да заработувам за моето семејство. Не мислеа на мене“, изјавил Ирвин.

„Ми дадоа отказ кога дознаа дека имам рак“: Водителот кој ја губи битката со тешката болест во неверување од тоа што му го направиле во телевизијата!

„По две недели, нова личност ја презеде емисијата. Мислам дека по 18 години заслужив малку повеќе почит. Тоа сепак беше мојата прва телевизиска работа“, додал водителот.
„Freeform Productions“ и „Channel 4“, на кои се прикажува емисијата, велат дека „ниту еден камен не останал непревртен“ во потрага по начин за тој да остане, но не можеле да добијат осигурување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.