Познатата инфлуенсерка Миа Костова за еден ден собра 18.000 евра за лекување на момче од скопски Центар.
Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо. Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола.
Мене ќе ми требаат едно три дена рехабилитација после оваа возбуда и среќа што за 24 часа ги собравме потребните средства за Никола! Оваа е последната донација која сака да остане анонимна и со тоа собравме околу 18.000 евра!
Вие сте сѐ на светот!
Благодарност до двете девојки за донациите и до сите 250 мали бизниси кои несебично се дадоа во целата приказна и крајно, фала на сите вас што неуморно бевте тука за Никола!
Со убави вести се гледаме наскоро!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.