МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ШТО ЈА КРЕНА ФБИ НА НОЗЕ – Русин полетал од Европа за САД без ниту еден документ и авионска карта !?

Руско-Израелски државјанин по име – Сергеј Владимирович Очигава, полетал од Копенхаген (Данска) со лет на авио-компанијата „Scandinavian Airlines“ и слетал на аеродром во Лос Анџелес (САД) без никаков документ за идентификација или контрола при качувањето во авионот, пренесува Fox News.

Откако овој човек успеал да стигне од Европа во Северна Америка без билет, пасош, виза или било каква евиденција дека бил на летот, започна голема истрага. Човекот вели дека не е сигурен како се случило сето тоа (!?).

Бугарија организира враќање на нивните државјани од Либан
Амбасадата на Република Бугарија во Бејрут и преку Дирекцијата „Ситуационен центар“ е во постојан контакт со сите бугарски државјани и членовите на нивните семејства кои изразиле желба да добијат помош за нивно враќање …
Беше секс симбол, а денес полни 90 години! За бурниот живот на Брижит Бардо сè уште се зборува – изјавата за нејзиниот син распарчува
Актерката Брижит Бардо, која денес полни 90 години, остана запаметена по својата убавина и исклучителен талент, а малкумина знаат дека покрај бројните успешни улоги и животот полн со контроверзии, имала и несреќни љубови, …

Повеќето од екипажот во авионот го забележале Сергеј Владимирович Очигава бидејќи тој се шетал низ авионот и постојано ги менувал седиштата. Тој барал два оброка за време на секоја услуга за храна и во еден момент се обидел да изеде чоколадо на вработените.

Случајот го истражува ФБИ, а човекот е обвинет дека се „криел“ во авионот и моментално се наоѓа во притвор.

Сергеј Владимирович Очигава тврди дека не спиел три дена и не разбира што се случува, мисли дека можеби имал авионска карта и не се сеќава дека се качил во авионот во Копенхаген или како поминал низ обезбедувањето на данскиот аеродром.

Видеонадзорот покажува дека тој влегол без валиден билет, што истото го потврдиле и од „Scandinavian Airlines“, но одбиле да коментираат бидејќи случајот го водат властите во Данска и САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.