Воената парада го одбележува Денот на вооружените сили на Јужна Кореја, кој обично се слави потивко од масовните настани организирани од Северна Кореја под лидерот Ким Џонг Ун.
Парадата се одржува како демонстрација на моќ, поради поостриот став на Сеул кон Северна Кореја.
Овој настан го одбележува Денот на вооружените сили на Јужна Кореја. Парадата обично е потивка од слични настани во Северна Кореја, која под водство на Ким Џонг Ун организира паради на кои се прикажува стратешко оружје како што се интерконтиненталните балистички ракети, пишува Блиц.
За време на говорот во воздухопловната база во Сеул, јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол го предупреди Пјонгјанг дека не треба да користи нуклеарно оружје и вети дека ќе ја зголеми поддршката за војската и посветените индустрии.
Ако Северна Кореја употреби нуклеарно оружје, на нејзиниот режим ќе му дојде крајот, поради силниот одговор на алијансата на Јужна Кореја и САД – рече Јун.
На денешната парада учествуваат неколку илјади војници, заедно со тенкови и самоодна артилерија од домашно производство, како и јуришни авиони и беспилотни летала.
Покрај Јужнокорејците, на парадата учествуваат и 300 американски војници стационирани во Јужна Кореја.
Главниот настан ќе биде поворка долга два километри низ главниот трговски и деловен кварт во Сеул до центарот на градот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.