На Табановце и Богородица за влез и излез се чека еден час

За влез во државата на граничниот премин Табановце и за излез на граничниот премин Богородица се чека околу еден час. Сите капацитети се ставени во функција за да се забрза протокот на патници, велат од Министерството за внатрешни работи.

Викендов на ГП Табановце влегле над 26.000 патници, на Богородица излегле над 22.000 патници.

-На излез од Република Северна Македонија на ГП Богородица се чека околу еден час, а на ГП Стар Дојран околу 45 минути. На ГП Богородица работат пет ленти за излез, а на ГП Дојран две. На ГП Табановце работат пет ленти за влез. За влез во државата се чека околу еден час. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки, велат од МВР за МИА.

Викендов, од 19 до 21 јули годинава, излез од ГП Богородица оствариле 22.715 патници. На ГП Табановце викендов во државата влегле 26.063 патници. На овој граничен премин, денеска, од полноќ досега, за влез се пријавени 3.245 патници.

Според податоците на МВР од 1 јануари годинава до 15 јули минатата година, бројот на патници за излез од државата на ГП Богородица бил 724.840, а за истиот период (1 јануари до 15. јули годинава), бројот на патници за излез од Република Северна Македонија на ГП Богородица бил 750.812, што значи, има зголемување за околу 25.000 во однос на лани.

Пронајдете не на следниве мрежи: