На црвениот тепих е убавица, а во реалноста – просечна девојка

За Бела Хадид велат дека е најубавата жена на светот, а тоа е дури и научно докажано. Според математичките пресметки, нејзиното лице е целосно симетрично.
Според деталната компјутерска анализа и мапирање на лицето според теоријата на златниот пресек, Бела е најблиску до совршенството со резултат од 94,3%. Сепак многумина се сомневаат во тоа дека станува збор за природна убавина и тврдат дека имала повеќе од 5 естетски корекции, иако таа признала дека го коригирала само изгледот на носот.


Бела била фотографирана на улиците во Њујорк во спортска комбинација и без ронка шминка.
Штом се појавила на улица, 24-годишната Бела привлекла големо внимание, делумно поради стајлингот делумно поради природниот изглед, без ронка шминка.
Еве како изгледа официјално најубавата жена на светот без шминка:
Бела Хадид негира дека направила естетски корекции и им порача на критичарите да ги споредат нејзините стари и нови фотографии: Тие ѝ порачаа дека разликата е – огромна!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.