Над девет милиони во светот оздравени од Ковид-19

Бројот на оздравени луѓе од коронавирусот во светот надмина девет милиони, покажува евиденцијата на Универзитетот Џонс Хопкин, кој ги сумира податоците од националните и локалните власти, како и од медиуми и други извори.
Според Универзитетот, бројот на оздравени лица од Ковид-19 во светот достигна 9.043.203. Бројот на починати е 639.652, а вкупниот бројот на заразени е 15.736.499.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.