Направете си прекрасна торта без масло. Велигденските пости започнаа, па оваа торта одлично ќе ви дојде.
Потребни состојки:
15 лажици студена вода
15 лажици шеќер
1 лажичка сода бикарбона
15 лажици брашно
250 гр. мелени ореви
100 гр. суво грозје
250 гр. гриз
1 прашок за пециво
Кокос
500 гр. шеќер (за шербет)
Начин на подготовка:
Во длабок сад, со дрвена лажица се мешаат водата и шеќерот, се додава сода бикарбона и со постепено мешање се додава брашното, а потоа исецканите ореви, сувото грозје, гризот и на крај пецивото.
Откако смесата ќе стане хомогена, се пече во тавче обложено со хартија за печење на 180°C, околу 30 минути.
Се проверува со чепкалка за заби за да се види дали тортата е печена. Откако ќе се излади, се сече на парчиња и се полева со топол шербет, а може да се посипе и со сецкани ореви или кокос.
Подготовка на шербетот:
500 грама шеќер се вари со 500 милилитри вода, стапче цимет и парче лимон, околу 15 минути.