Најголемите грешки при готвење пилешко

Пилешките гради се еден од најздравите протеини што можете да ги јадете. Покрај тоа, тие имаат и многу витамини Б и Д, калциум, железо и цинк.
Добро функционираат како главно јадење, а се многу популарни како додаток на сендвичи, салати и супи.
Готвачот Јасмин Ал Саваф за порталот EatThis ги откри најчестите грешки кои ги правиме кога готвиме пилешки гради.
Го зачинувате пилешкото после готвење
Зачинувањето на пилешки гради откако веќе се варени/печени значи дека солта/зачините или маринадите нема да се впијат со пилешкото. Резултатот е пилешко кое е прилично невкусно.
Готвите/печете пилешко во ладна или премала тава
Ал Саваф објаснува дека целта е пилешкото да се пече на висока температура, за да се задржи влажноста внатре. Ако почнете да печете пилешко во ладна тава, ќе треба подолго време да се пече и ќе почне да заруменува.
Исто така, ако спремате пилешко во премногу мала тава, тоа значи дека брзо ќе се наполни и пилешкото наместо печено ќе се свари.
Премногу пати го вртите пилешкото
Ал Саваф нагласува дека целта е пилешкото да се пече што е можно побрзо за да ја задржи влажноста. Откако ќе се загрее тавата, печете го пилешкото од едната страна додека не добие златна боја.
Печете гради кои не се со иста дебелина
За да постигнете совршени резултати додека го печете месото, Ал Саваф вели дека дебелината на парчињата од градите мора да биде еднаква за да се обезбеди рамномерно печење.
Печете гради кои се премногу ладни
„Ако печете пилешки гради кои се ладни или, уште полошо, целосно замрзнати, тоа е рецепт за препечени и суви пилешки гради“, вели Ал Саваф.
Печете предолго и не дозволувате да отстојат пред да ги исечете
Прекумерното варење пилешки гради е најлошата грешка што можете да ја направите. Исто така, не е пожелно да се исечат веднаш по печењето. Ал Саваф советува дека пилешкото треба да стои најмалку пет минути пред да се исече.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.