Најкритично е и се уште гори кај Јасен, на територија на општина Македонски Брод, огнот оди накај селата Брезово и Тажево, иако се добро изолирани, се уште постои опасност да бидат загрозени, дознава Инфомакс од терен.
Во општина Пробиштип на Осоговските планини пожарот е голем, нема опасност по населени места, ама гори многу квалитетна дабова шума.
На Плакенска планина – Демир Хисар исто така е сериозно, утре според планот треба да делуваат хеликоптери и авиони и со повеќе концентрација од копно за локализирање и гаснење на пожарот.
Охридско кај селото Косел денеска пожарот повторно излегол од контрола и утре со помош на повеќе сили од копно и воздух ќе се обиде да се изгаси, велат луѓето присутни на терен.
Има уште некои помали пожари, но веќе се под контрола .
Имаку, денес немало дожд на местата каде има пожари.
Претходно и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека шест пожари се активни и дека дождот не помогнал многу при гаснењето на пожарите.