Туристичката сезона е при крај, а многу угостители честопати се борат со гости кои имаат различни желби, но и до оние кои само сакаат лозинка за вај-фаи пропратено со „не сакам ништо“.
Во популарните летувалишта вообичаен пример е неколку луѓе да нарачаат само вода и кафе за да земат лежалки и да фаќаат место цел ден, иако повеќе немаат намера да ништо да се напијат.
Поради тоа, угостителите во едно кафуле на плажа во Будва одлучиле на необичен начин да надмудрат одредени гости и да им застанат на патот на оние кои само си го заземаат местото со славното „не сакам ништо“ (neću ništa). Тие одлучиле да излезат во пресрет и токму така да го наречат новиот артикал – и симболично да наплатуваат за него.
Некои гости веќе биле жртви на новиот артикл, па од нивните сметки јасно се гледа дека едно „не сакам ништо“ чини 50 центи. Така, тројца гости платиле евро и пол затоа што не сакале ништо да порачаат.