Неколку градови во Холандија бараат забрана за брза храна

Властите во пет градови во Холандија се залагаат за законски процедури за забрана на продажба и набавка на брза храна, во ресторани за брза храна во обид да се борат против прекумерната дебелина, според NL Times.
Станува збор за Амстердам, Хаг, Ротердам, Утрехт и Ед. Властите во тие градови испратија писмо до Пол Блокхаис, државен секретар за здравство, социјална заштита и спорт, барајќи намалување на бројот на ресторани за брза храна.
Се наведува дека прашањето за забрана на брза храна во рестораните е тешко, бидејќи градовите имаат мала можност да го намалат бројот во согласност со законот за животна средина.
– Бидејќи ја гледаме храната како индивидуален избор, општините и владите не можат да интервенираат преку закон за животна средина, рече Аника де Рутер, доцент на Универзитетот во Амстердам.
Министерството за здравство, социјална заштита и спорт работи со општините за да помогне да се подобри храната во рестораните во овие градови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.