„Никогаш не сакав да стапам во брак ниту да имам деца, а потоа се појави таа“,

Амал и Џорџ Клуни се еден од најпознатите парови на денешницата, а парот редовно ја воодушевува јавноста со фактот дека успеале да го зачуваат нивниот брак исполнет со почит и љубов.
За својата љубов зборувале повеќе пати и тоа со избрани зборови, така што тие не откриваат премногу, но сепак на сите им даваат до знаење колку си значат еден на друг.
Амал неодамна за магазинот „Time“ дала интервју, едно од ретките, во кое открила како е да се биде сопруга на еден познат холивудски актер, мајка на четиригодишни близнаци и активистка за човекови права.

„Бракот е прекрасен. Во својот сопруг гледам партнер кој е неверојатно инспиративен и ме поддржува, а имаме и дом исполнет со љубов и насмевки“, изјавила убавата Амал.
Таа додала и дека улогата на мајка е поубава отколку што очекувала, како и дека Ела и Александар се голема радост за неа и за Џорџ.„Тоа е радост поголема од сè што можев да замислам. Толку сум среќна што ја пронајдов љубовта на мојот живот и што сум мајка – така постигнувам рамнотежа“, додала таа.
Да ве потсетиме, и самиот Клуни зборувал за бракот пред неколку месеци, кога во поткастот „WTF With Marc Maron“ изјавил дека Амал е „најнеобичната, најпаметната, најбрилијантната жена која некогаш ја сретнал и дека не може да биде посреќен отколку што е сега“.
Тој во таа прилика истакнал дека никогаш немал намера да се венча, но дека неговиот став се сменил кога ја запознал прекрасната адвокатка.
„Слушај, не сакав да се женам. Не сакав да имам деца. Но, потоа ова неверојатно суштество влезе во мојо живот и едноставно лудо се заљубив“, признал Клуни.
Амал и Клуни првпат како пар во јавноста се претставија во октомври 2013 година, а веќе наредната година се венчаа во Венеција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.