Нови закани по животот на Трамп – Американската полиција уапси лице кое се заканувало

Трамп кој вчера за прв пат се појави на партиски митинг по официјализирање на кандидатурата од републиканската партија, изјави дека немало никакво предупредување дека нападот врз него ќе се случи. Во негов стил, порача дека обвинувањата кон него дека е закана по демократијата се беспредметни.

-Постојано велат, тој е закана за демократијата. Јас велам, што по ѓаволите сум направил за демократијата? Минатата недела, добив куршум за демократијата. Што сум направил против демократијата? Лудило. – Доналд Трамп – Кандидат за претседател на САД

Трамп во едночасовниот говор, не изостави да упати и серија на обвинувања кон неговиот ривал Џо Бајден и потпретседателката на САД Камала Харис.

-Од моментот кога ќе ја преземеме Белата куќа од расипаниот Џо Бајден и Камала, јас ја нарекувам насмеаната Камала, сте ја виделе некогаш како се смее, таа е луда. Можете многу да забележите по тоа како некој се смее. Таа е луда. Ќе ја направиме Америка безбедна повторно и ќе ја направиме Америка голема повторно. – Доналд Трамп – Кандидат за претседател на САД

Во меѓувреме, се засилува притисокот кон американскиот претседател Бајден да се повлече од трката за Белата куќа, а токму Камала Харис според дел од политичарите во демократската партија би била негова можна замена за претседателските избори во ноември.

-Тоа што ми дава многу надеж во моментов е дека доколку претседателот Бајден одлучи да се повлече, ја имаме потпретседателката Камала Харис која е подготвена да истапи, да ја обедини партијата да се соочи со Доналд Трамп и да победи во ноември. – Елизабет Ворен – Сенатор од демократската партија

Дел од политичките аналитичари во САД пак, со оценка дека времето брзо минува, а одлуката дали Бајден сепак ќе се кандидира или на негово место ќе биде номинирана друга личност, ќе треба да се донесе најдоцна до средината на август кога е конвенцијата на демократската партија.

-Времето се намалува и мислам дека тоа е јасно. Како и да е, тоа е одлука на Претседателот Бајден. Фрустрацијата е јасна. – Џеф Зелени – Политички Аналитичар

Американскиот претседател Бајден пак, изминатите неколку дена е изолиран во својот дом во сојузната држава Делавер откако му беше дијагностициран Ковид – 19. Тој во неколку наврати упати порака дека нема намера да се повлече од трката, освен доколку за тоа не биде приморан од здравствени причини.

Пронајдете не на следниве мрежи: