Обама заминува во Јужноафриканската Република со надеж да го посети Мандела

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама денес патува накај Јужноафриканската Република со надеж да го посети Нелсон Мандела, по средбата која ја имаа за подобрување на безбедноста на храната и промовирање на демократски установи.
Обама е заминат на тура низ три земји на Африка, за кои Белата Куќа смета дека биле занемарени од администрацијата на првиот црн претседател. Тој има закажано многу средби со фармери и мали, локални претприемачи со кои ќе разговара за развивање на нови технологии кои ќе им помогнат во работата. Тука станува збор за Западна Африка која е една од најсиромашните земји и регион склон на постојани суши.  
Сепак,најголемата причина за која Обама заминува во тој дел од светот е за да го посети 94-годишниот бивш претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела кој се бори за својот живот во болницата Преториа. Сепак, Белата Куќа изјави дека сè уште се чека одобрување од семејството на Мандела за посетата на Обама. Без разлика на тоа дали американскиот претседател ќе успее да го посети бившиот претседател или не, тој го смета Мандела за херој и неговото патување низ Африка ќе биде во чест на лидерот на анти-апартхејд кампањата.
Во тој контекст Обама изјави „Ја имав таа чест да се запознаам и да зборувам со него. Тој ми стана личен херој, но мислам дека не само на мене. Доколку почине и кога и да се случи тоа, едно нешто што сите го знаеме е дека неговите дела ќе останат да живеат низ годините.“Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама денес патува накај Јужноафриканската Република со надеж д

Пронајдете не на следниве мрежи: