Обрајан со нов шок за Мицкоски: Побарајте од него нон-пејпер за тоа како ќе ја внесе Македонија во ЕУ?!

Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ. Со малку работа може да ги направиме работите подобри. Планот за раст е многу поразличен од претходните понуди на Унијата и вели – „ајде да ја завршиме практичната работа“. Секој од лидерите ја препознава и согледува важноста од напредувањето, но е подготвен и да го преземе политичкиот ризик. Се надевам дека ќе постигнеме промена и дека ќе им понудиме можност на граѓаните во целиот регион, порача денеска помошникот државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајaн во обраќање на лидерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Скопје.

На прашање за тоа дали со себе носел нон-пејпер, тој го повика Христијан Мицкоски да објави нон-пејпер во кој ќе објасни како ќе ја внесе Македонија во Европската Унија.

-Ми кажаа дека некој ќе ме праша за некаков нон-пејпер. Сакам да останам на она што го кажав кога бев тука во ноември и го повторив денеска. Мислам дека е до граѓаните на Македонија да одлучат како ќе продолжат понатаму. Мислам дека едната партија предложи начин како да се продолжи понатаму и е разбира е критикувана затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не тој пат. Мислам дека другата партија ветува дека ќе најде начин како да продолжи напред. И мислам дека е фер граѓаните да побараат таа партија да објави свој нон-пејпе со кој ќе ја објаснат својата визија и тогаш ќе можете да одлучите помеѓу визијата која ја знаете и некакво ветување, вели Обрајан.

„Има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ви кажам што е, тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така“, изјави претходно помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан во интервју за „360 степени“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.