ОДГОВОР НА ЗЕЛЕНСКИ ДО РУСИЈА: Украина официјално поднесе барање за влез во НАТО

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави денеска, откако Русија прогласи четири украински региони за свои, дека неговата земја ќе побара „побрз“ прием во НАТО алијансата.

ОДГОВОР НА ЗЕЛЕНСКИ ДО РУСИЈА: Украина официјално поднесе барање за влез во НАТО

Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзан пристап во НАТО, рече Зеленски во Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно потпиша документи за припојување на окупираните делови на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон кон Русија – врз основа на резултатите од референдумите одржани насилно во режија на Москва.

Тие референдуми остатокот од светот ги сметаше за нелегитимни.

Путин рече дека Русија ќе ја брани анексијата на областа „со сите расположливи средства“.

Путин со денешните дејствија отвори нова фаза на ескалација на војната во Украина, која започна со руската инвазија на таа земја на 24 февруари 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.