ЗА ПАНДИШПАН
2јајца
3 лажици шеќер
5 лажици брашно
50 мл масло
100 мл јогурт
1/2 кесичка прашок за печиво
800 г кајсии
2 пудинга од слатка павлака
4 лажици шеќер
500 мл млеко
50 г шеќер во прав
1 ванилиншеќер
Пудингот сварете го во млекото со шеќер.
Јајцата изматете ги со шеќерот, додадете ги брашното со прашокот за печиво, маслото и јогуртот, и добро промешајте. Нанесете половина од смесата во калап бр 24, обложен со хартија и печете 10 минути на 200 степени.
Врз запечениот пандишпан нанесете половина од млакиот пудинг, па распоредете половинки кајсии. Потоа ненесете го преостанатиот пудинг, па преостанатата смеса за пандишпан. Во смесата наредете ги преостанатите половинки кајсии и печете уште околу 50 минути на истата температура. Пред крајот на печењето покријте со фолија. Изладениот колач наросете го со шеќер во прав и ванилин шеќер.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.