Откриено каде ЖИВЕЕ Душко Тошиќ два месеци по скандалот со Карлеуша

Вистината излезе на виделина
Пејачката Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ оваа година на Божиќ имаа вистинска семејна драма.
Имено, Јелена тогаш повикала полиција и го обвинила Душко дека прво ја плукнал во лице, а потоа ја удрил. За ова не дадоа многу детали, а пејачката не сакаше да се огласи по повод овој настан.
Медиумите пишуваат дека на Душко му е изречена забрана за приближување на сопругата во траење од еден месец, а потоа не се знаело каде престојува и дали се видел со сопругата.

Јелена за Денот на вљубените објави видеа на кои се пофали дека на нејзината адреса пристигнале илјадници црвени рози, а на едно од видеата можеше да се види Душко, па многумина заклучија дека решиле да ѝ дадат уште една шанса на нивната љубов, а тоа ги надмина сите несогласувања.
Сега Душко е фатен како ја вози својата ќерка, а вечерта како се враќа во гаражата на нивниот семеен дом на Дедиње и јасно може да се заклучи дека тие двајца сѐ уште се на иста адреса со нивните ќерки. Атина и Ника..
Овие фотографии можете да ги погледнете во галеријата подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.