Руските власти соопштија дека телата на три мали деца се најдени меѓу петтемина загинати во пожарот во куќа во близина на Санкт Петерсбург.
„Три деца настрадаа. Според првичните информации, сите биле помали од пет години“, изјави неименуван извор.
Генералниот директорат за ленинградскиот регион при Министерството за вонредни состојби објави дека остатоците на местото на пожарот биле расчистени и истрагата е во тек. Причините за пожарот сè уште не се познати.
Според рускиот министер за вонредна состојба, вчера рано утрото е примен извештај за пожар, што зафатил 30 квадратни метри.