Пита со боровинки и ореви

Потребни состојки за тесто:
-300 г остро брашно
-1/2 прашок за пециво
-прстофат сол
-5 до 6 лажици студена вода
-2 лажици шеќер во прав
-150 г путер
Потребни состојки за фил:
-400 замрзнати боровинки
– лажичка цимет
-100 мелени ореви
-50 г шеќер во прав
-1 ванилин шеќер
-1 лажичка лебни трошки
За премачкување:
-1 жолчка
За посипување:
-шеќер во прав по потреба
Начин на подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво, додадете путер исечкан на тенки листови, сол и шеќер. Сето заедно работете го со прстите и на крајот додадете ја студената вода.
Замесете мазно тесто и оставете да стои на студено место најмалку 30 минути. Одмрзнете ги замрзнатите боровинки и добро исцедете.
Земете дел од подготвеното тесто и направете кора со големина на калапот за печење )кој треба да биде наросен со брашно и намачкан со масло), па ставете ја во него. Тестото треба да ги прекрие дното и рабовите на калапот.
Низ тестото наросете од лебните трошки и распоредете ги исцедените боровинки. Посипете со цимет, шеќер во прав, ванили шеќер и ореви.
Со останатото тесто направете уште една кора со која ќе ги покриете боровинките. Потоа горната површина премачкајте ја со разматена белка, избодете со виљушка и печете во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. откако ќе се испече, посипете шеќер во прави и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.