НЕОЧЕКУВАНА ВЕСТ: По седум години брак се разведуваат Тамара и Мачка

Пејачката Тамара Тодевска се разведува по 7 години брак со сопругот Александар. Веста за разводот ни ја потврди и Тамара која за „Репортер“ изјави: „Да, вистина е дека се разделуваме со Мачка, но ние и понатаму ќе продолжиме да контактираме редовно. Ние имаме две деца, и секако дека тие ќе можат да растат и да го поминуваат времето со својот татко.

По седум години брак се разведуваат Тамара и Мачка

За мене најважни се децата и моја желба е тие да останат заштитени. Ги разбирам медиумите дека сакаат да ја објават веста, но сега ми се најважни децата кои мора да останат настрана од оваа приказна. И Хана и Дарен одат на училиште, веќе не се мали, па затоа со Мачка имаме одговорност да ги заштитиме“.

Неодамна во интервју за „Репортер“ Тамара ни зборуваше за љубовта со Мачка, со кого биле долго време другари пред да се венчаат. Тие ги имаат децата Хана и Дарин. Последната фотка што ја споделија заедно е од прославата на седумгодишнината од брак.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.