Повеќето од нас не знаат како правилно да ја користат КЛИМАТА: Главоболки и вкочанетост се јавуваат заради овие причини!

Наскоро доаѓаат топлите летни денови, а сите луѓе кои имаат клима ќе почнат да ја користат. Официјално се смета за безбедна за здравјето на луѓето, но само доколку се почитуваат овие совети.
Во лето, оптималната температура на внатрешниот воздух треба да биде за 5 до 10 степени Целзиусови пониска од температурата на надворешниот воздух.
Клима уред кој премногу ја лади внатрешноста, кога температурата надвор е висока, може да доведе до главоболки, вкочанет врат и делови од телото.
Не треба да се насочува директно кон вас, бидејќи ќе предизвика и вкочанетост на одредени делови од телото и главоболки.
Клима уредот мора да биде чист пред да се вклучи, за да се обезбеди квалитетен воздух. Несоодветно одржуваните филтри во клима уредите може да бидат расадници на бактерии и вируси кои можат да предизвикаат поблаги и потешки форми на респираторни инфекции.
Уредите за ладење треба да се вклучат кога температурата на надворешниот воздух е повисока од 28 степени. Кога надворешните температури се пониски, уредите за ладење не треба да се вклучуваат, бидејќи оптималните температурни услови може да се обезбедат со природна вентилација на затворениот простор.
Сигурно ќе ви биде важно да имате помали сметки за струја, а ќе успеете доколку не ја вклучите климата кога надворешната температура е пониска од 28 Целзиусови степени.
Доколку, покрај вештачката вентилација, постојат услови за природна вентилација, се препорачува периодично, на секои 30 минути или еден час, да се отвораат прозорците и/или вратите неколку минути и на тој начин да се обезбеди дополнителна размена на воздух.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.