Подобрете го расположението и нивото на енергија со здраво брауни

Здравото брауни од урми и орев е готово за десет минути и е совршен избор за подигнување на расположението и нивото на енергија, особено за време на постудените есенски денови кои со себе носат помрачна атмосфера.
Ова здраво брауни содржи многу магнезиум, кој ќе ви помогне да ги регулирате стресните хормони како кортизол, како и омега-3 масни киселини кои можат да се користат како антиинфламаторно за лекување на депресија.
Покрај тоа, содржи урми, кои ќе ви ја дадат потребната количина железо во деновите со недостаток на енергија, а со толку висока содржина на ореви, овие колачиња се исто така полни со протеини, што ги прави совршен избор за ужина после тренинг.
Потребни состојки:
150 гр ореви
150 гр урми
6 лажици какао во прав
50 гр кокосово брашно
3 лажици мед
малку сол
За глазурата:
150 гр урми
4 лажици какао во прав
2 лажици кокосово масло (растворено)
Подготовка:
Најпрво урмите, и оние за глазурата, натопете ги во топла вода 10 минути.
Сомелете ги оревите, потоа додадете ги урмите и повторно мелете додека смесата не се соедини. Додадете ги преостанатите состојки и мешајте додека смесата не добие убава темно кафеава боја.
Ако немате блендер или сечко за храна, ситно исечкајте ги оревите и урмите и комбинирајте ги со другите состојки за да направите прилично цврст микс како за торта.
Во мал калап за торта ставете хартија за печење, а потоа ставете ја смесата во него и цврсто притиснете ја.
Состојките за глазурата ставете ги во блендер со 50 мл од водата во која ги имавте натопено урмите и мешајте неколку минути додека не се добие мазна смеса. По потреба додадете уште вода.
Со лажица распоредете ја глазурата врз претходно подготвената смеса како за торта.
Можете да украсите со уште сечкани ореви, а потоа добиеното брауни треба да се стави во фрижидер минимум еден час за да биде подготвено за сервирање. Исечкајте на парчиња како колачиња пред да ги ставите во фрижидер, за полесно да се изладат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.